29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Се охрабрија и Словенците, ќе има и фудбал

Од следната недела фудбалските екипи во Словенија ќе може да започнат со тренинзи, откако владата на оваа земја реши да ги намали мерките за претпазливост поради корона-вирусот. Според планот, првенството во Словенија треба да продолжи и на терен да се добие најдобриот тим.

Планот е кон средината на мај клубовите да започнат со нормални тренинзи во групи, а веќе на 30 мај да продолжи прекинатото првенство. Доколку клубовите не бидат подготвени, ќе се даде една недела плус, односно фудбалот да започне на 6 јуни. Планот е шампионатот да заврши до 25 јули. Досега се одиграни 25 кола во првенството, а во трка за титулата се Олимпија, Алуминиј, Целје и Марибор. Моментно Олимпија е лидер со 50 бодови, пет повеќе од најблиските ривали.

Фудбалската федерација на Словенија одлучи да го скрати натпреварувањето во Купот. Полуфиналињата ќе се играат само во еден меч на неутрален терен на 16 и 17 јуни, а финалето е предвидено на 8 јули.

- Оглас -

Најнови вести