Се остваруваат најавите: Се договара дуел меѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион во чест на Марадона

Мегадуел во чест на Диего Марадона меѓу европскиот шампион Италија и новиот владетел со јужноамериканскиот фудбал Аргентина, договараат УЕФА и КОНМЕБОЛ. Најавите ги потврди и првиот човек на аргентинската Куќа на фудбалот, Клаудио Тапија, кој вели дека двете федерации активно работат на тоа да му оддадат чест на големиот Диего.

„Натпревар меѓу двата континентални шампиони е наш сон, но и потреба. Можам само да кажам дека се работи на тоа да се договори оваа средба, но се бара решение кога би се одиграл поради густиот распоред на клупско и интернационално ниво. Бараме од европските клубови да им дадат три дополнителни дена отсуство на играчите кои се репрезентативци на Аргентина и Италија“, истакна Тапија.

Разбирливо, натпреварот би се одиграл во Неапол на стадионот на Наполи, чие име го носи на аргентинската легенда која почина на 60-годишна возраст на 25 ноември минатата година. Моментално се работи на одредување датум за мечот, веројатно ќе се одигра во декември годинава, или пак во првиот месец од 2022 година.

Марадона е бог на фудбалот според Аргентинците, кој ги предводеше Гаучосите до втората светска титула во 1986 година, а две години порано потпиша за Наполи. Со клубот под Везув освои две Скудета и титула во тогашниот Куп на УЕФА, па јасно е зошто Марадона има легендарен статус и во Наполи, клубот на нашиот дијамант Елиф Елмас.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести