Се освестија по Монца, во Мекларен размислуваат да почнат со тимски наредби

Иако се чини дека Мекларен има најдобар болид во моментов во Формула 1, тоа не ги дава посакуваните резултати, а и самиот тим има вина во тоа.

Вчера во Монца, нивните пилоти Оскар Пјастри и Ландо Норис завршија на второ, односно трето место, со што не беше искористен киксот на Макс Ферстапен, кој беше шести и остана со голема предност во генералниот пласман.

Втор во генералниот поредок сезонава е Норис, кој нема улога на прв и главен пилот во тимот, а тоа може да се смени, но дали е веќе доцна? Вчера откако видоа дека Пјастри не може да победи, во Мекларен можеа да го „замолат“ второто место да му го препушти на Норис, со што Британецот ќе добиеше плус бодови и уште повеќе ќе ја намалеше негативата во однос на Ферстапен во трка за титулата.

Водството на Холанѓанецот во однос на Норис е 62 поени на осум трки до крајот (максимални 232 поени на располагање). Ова значи дека Норис за да биде шампион, треба да ја намалува предноста на Ферстапен во просек за 7,75 поени по трка, малку повеќе од разликата помеѓу првото и второто место. Ако Ферстапен на сите трки до крајот биде втор, пак ќе освои титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести