Се отвора простор за Столе: Мамардашвили е пред трансфер во Ливерпул

Еден од голманите кои оставија најголем впечаток на Европското првенство во Германија беше Грузиецот Гиорги Мамардашвили. Тој го привлече вниманието на голем број европски екипи, а Валенсија како негова замена го ангажира нашиот Столе Димитриевски.

Ливерпул веќе има испратено понуда до Валенсија во висина од 35 милиони евра, што се чини дека ќе биде доволно за да го купи голманот, но Црвените имаат и друг план. Ако успеат да го ангажираат Мамардашвили, тогаш тој следната или можеби следните две сезони ќе настапува за Борнмут како позајмен, а во Ливерпул би се вратил по пензионирање на Алисон Бекер.

Доколку овој трансфер се реализира, тогаш се отвора шанса за Столе Димитриевски да биде стандарден на голот на Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести