Се ожени Игор Карачиќ, официјално стана македонски зет

Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ кој неколку сезони ги бранеше боите на Вардар, од денеска и официјално е македонски зет. Тој стапи во брак со Душица Андоновска, со која беше неколку години во врска, а од лани од март беа верени.

Струмичанката и Карачиќ живеат во Полска, каде што Хрватот игра за клубот Кјелце. Фотографии од свадбената церемонија сподели и Германецот Кристијан Дисингер, кој е во врска со сестрата близначка на Душица, па можно е во иднина тие да станат и баџанаци.

- Оглас -

Најнови вести