20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Се пензионира тенисерот кој го одигра најлудиот меч во историјата

Американскиот тенисер Џон Иснер најави дека настапот на Отвореното првенство на САД ќе биде последен турнир во неговата професионална кариера. Иснер, кој има 38 години, повеќе од 17 години беше дел од светската сцена.

„По повеќе од 17 години настапувања на АТП-турнири, дојде време да се простам од професионалното играње. Отвореното првенство на САД ќе биде последниот мој турнир. Оваа одлука воопшто не е лесна, но се радувам на секоја секунда што ми следува помината со моето семејство“, објави Иснер, кој со сопругата Мади имаат четири мали деца.

Иснер беше четвртфиналист на Отвореното првенство на САД во 2011 и 2018 година, а тој беше дел и од најдолгиот меч во историјата на тенисот. Тоа се случи во 2010 година, кога на Вимблдон против Французинот Николас Маху одигра епски меч кој траеше три дена и на крајот заврши во негова корист со резултат 6:4, 3:6, 6:7(9), 7:6, 70:68. Вкупно 11 часа поминаа двајцата тенисери на теренот за да се дознае победникот на овој дуел кој ќе остане во историјата.

Иснер освои вкупно 16 АТП-турнири во поединечна конкуренција и осум трофеи во дубл конкуренција. Тој е рекордер по бројот на асови, надминувајќи го рекордот на Иво Карловиќ, кој имаше 13.728 асови. Иснер на мечот против Маху имаше рекордни за еден меч 113 асови.

- Оглас -

Најнови вести