Се плашам дека сме сведоци на последната епизода од кариерата на Рафа

Поранешниот француски тенисер, Анри Леконт, смета дека Рафаел Надал, годинава за последен пат би играл на Ролан Гарос.

„Ги чекам вашите реакции. Го пишувам овца поради некого на кого му се воодушевувам и го почитувам, Рафаел Надал. Се плашам дека ова ќе биде крај на една преубава приказна, крај на неверојатно владеење. Имаше многу ривалства во тенисот, но тоа меѓу Рожер „Џејмс Бонд“ Федерер и Рафаел „Терминатор“ Надал го одбележа тенисот. Се плашам дека ќе бидеме сведоци на последната епизода од кариерата на Рафа“, напиша Леконт на социјалните мрежи.

Надал годинава настапи на Отвореното првенство на Австралија каде загуби во второто коло и оттогаш е надвор од терените поради повреда.

„Дали Рафа ќе биде подготвен со 100 отсто за настап на Ролан Гарос. Тешко е да знае такво нешто, секоја година можете да кажете ќе биде компликувано, но Рафа беше тука. Но, оваа година стравувам. Му се воодушевувам и го почитувам човекот кој својата страст ќе ја пренесе на неговиот син. Ајде за последен пат да му се воодушевуваме на овој неверојатен човек. “, пишува Леконт.

- Оглас -

Најнови вести