19.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Се подготвува чистка: Барселона летово ќе се ослободи од шестмина фудбалери

Планот на Барселона е летово да се засилува, а веќе се шпекулира со неколку имиња. Сепак, за да се направи место за новите фудбалери, новиот шампион на Шпанија ќе мора да продаде и дел од сегашните.

Според медиумите во Каталонија, раководството на клубот на трансфер-листа ставило шестмина фудбалери кои летово треба да бидат продадени. Се работи за: Ансу Фати, Роналд Араухо, Виктор Пау, Андреас Кристенсен, Ерик Гарсија и Пабло Торе.

Најјасна е ситуацијата со Фати, кој со сигурност ќе си замине од Барселона, а треба и да ја ослободи „10-ката“, која треба да ја преземе Ламине Јамал.

Најкомплицирана е ситуацијата со Араухо и Гарсија, кои ќе бидат продадени само доколку стигне понуда од некој од врвните европски клубови, па тоа би значело дека нема да бидат продадени по секоја цена.

Кристенсен со сигурност ќе си замине доколку Барселона го ангажира Џонатан Тах од Баер Леверкузен, а за Пабло Торе се бара трајно решение и позајмица не е опција летово. Интерес за Торе има од Виљареал и Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести