-9.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Се подготвува еден од најголемите трансфери во историјата: Винисиус го напушта Реал?!

Раководството на Челзи се подготвува да испрати официјална понуда до Реал Мадрид за услугите на Винисиус. „Сините“ се подготвени да платат неверојатни 150 милиони евра за Бразилецот, со што трансферот би станал третиот најскап во историјата на фудбалот, по оние на Нејмар (222 милиони евра) и на Мбапе (180 милиони евра).

Винисиус се уште го нема продолжено договорот со „кралевите“, па Флорентино Перес сериозно размислува за негова продажба. Сепак, постои можност Бразилецот да го сруши и светскиот рекорд, но тоа ќе се случи само ако одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, од каде веќе беа одбиени понуди во висина од 300 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести