Манчестер јунајтед не крие дека има расположение за продажба на својот капитен, секако доколку стигне соодветна понуда. Таква желба има и кај самиот фудбалер, а Бруно Фернандеш отворено изјавуваше дека негова желба е да се пресели во Барселона и да заигра на „Камп Ноу“.
Сепак, со заминување на Чаби Ернандес, а со доаѓањето на Ханси Флик на клупата на „каталонците“, овој трансфер нема да се реализира, бидејќи португалскиот интернационалец не е во плановите на германскиот тренер.
Токму затоа сега прв фаворит за ангажманот на Бруно Фернандеш е Баерн Минхен, кој е подготвен да плати 80 милиони евра за португалецот, сума која Манчестер јунајтед без размислување би ја прифатил, со оглед на тоа дека пред 4,5 години го купија од Спортинг Лисабон за 65 милиони евра.