Екипата на Баерн Минхен зад себе има лоша сезона во која со многу среќа стигна до трофејот во Бундеслигата, но тоа е далеку од амбициите на клубот, кои се да атакува на сите трофеи во германскиот и европскиот фудбал.
По заминувањето на раководните лица во спортскиот дел од клубот, пред заминување се и 10-мина фудбалери.
Жоао Канселао се враќа во Манчестер сити бидејќи му истече позајмицата. Лукас Ернандес е голема желба на ПСЖ и тој ќе се врати во татковината. Лерој Сане и Садио Мане учествуваа во инцидент и се на излезна врата, а пред заминување се и Горецка и Сабицер, кои и не покажаа ништо посебно на теренот.
Голманите Нубел и Сомер исто така ќе си одат, а таква судбина го чека и Гнабри. Десеттиот фудбалер е Бенџамин Павар, кој е пред трансфер во ПСЖ.
Останува да се види како ќе реагира раководството на Баерн Минхен и какви замени ќе донесе бидејќи амбициите на клубот секогаш се исти, атак на сите трофеи.