Манчестер јунајтед во следниот преоден рок, односно налето може да доживее комплетна реконструкција и да се ослободи од дури 11 фудбалери. Сер Џим Ретклиф купи 25% од акциите на „црвените ѓаволи“ и доби можност да одлучува во спортскиот дел, па сака дел од своето богатство да го вложи во нови фудбалери.
На списокот со фудбалери кои ќе бидат на продажба се Хари Мегваер, Рафаел Варан, Касемиро, Арон Ван-Бисак, Скот Мектоминај, Виктор Линделоф и Кристијан Ериксен, а треба да си заминат и фудбалерите кои се на позајмица. Се работи за Брендон Вилијамс, Дони ван де Бек, Факундо Палестри и Џејдон Санчо.
– „Навивачите не смеат да го губат трпението, имаме десетгодишен план. Ќе ни бидат потребни најмалку три години да дојдеме на нивото кое го посакуваме. Не е реално да мислиме дека веднаш ќе играме како Сити против Реал Мадрид минатата сезона.“ – рече Ретклиф.