Навивач на Ливерпул објави фотографија за која тврди дека е од Чаби Алонсо, поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој неодамна доби отказ. Според него, шпанскиот тренер денес е фотографиран на улица во Ливерпул, а тоа предизвика еуфорија меѓу навивачите на „црвените“.
Oh hello Xabi #LFC pic.twitter.com/gic4CUNf60
— 🔴CE-Kopite🔴 (@CELfc97) January 18, 2026
По социјалните мрежи веќе се најавува отказ за Арне Слот, кој иако има серија од 12 натпревари без пораз, сепак, на шест од нив не успеа да победи, па актуелниот шампион на Англија во моментов е на четвртата позиција со минимални, речиси никакви шанси за одбрана на трофејот.
Иако фотографијата не е потврдена ниту од Чаби Алонсо, ниту од раководството на Ливерпул, сепак, на Островот веќе наголемо се шпекулира со отказ за холандскиот тренер и назначување на Шпанецот.

