Се подготвува многу лошо сценарио: Може да не се игра дури и Отвореното првенство на Австралија во 2021 година

Новак Ѓоковиќ одлично ја започна 2020 година триумфирајќи на првиот Гренд слем во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Само еден месец по тоа големо натпреварување, се случи пандемијата со корона-вирусот и сите тениски мечеви беа одложени. Во овој период требаше да се игра Ролан Гарос, но тој е откажан поради опасниот вирус.

Засега нема најава кога би можело да се продолжи со професионалното играње тенис, но од Австралија стигнуваат лоши вести. Првиот човек на Тениската федерација на Австралија, Крег Тилеј, најави дека е можно Отвореното првенство на Австралија за 2021 година воопшто да не се одигра поради корона-вирусот.

„Зборувавме за многу опции и направивме сценарио за секоја од нив. Во одреден период ќе донесеме одлука. Мора да мислиме и на безбедноста на речиси 670 луѓе кои се вработени додека трае турнирот, на нашите медиумски партнери и на сите тенисери кои треба да бидат дел од турнирот. Најлошата опција која ја разгледувавме е таа Отвореното првенство на Австралија за 2021 година воопшто да не се одигра, но постои и реална шанса да се игра без присуство на публика“, објаснува првиот човек на Австралиската федерација, Тилеј.

Еден од оние кои се најголеми скептци е Рафаел Надал. Шпанскиот тенисер неодамна изјави дека очекува сезоната за 2020 година да биде прекината, но и дека е неизвесно дали ќе има тенис на Отвореното првенство на Австралија за 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести