Раководството на Ал-Итихад е во потрага по нова ѕвезда за екипата, откако Карим Бензема по конфликтот си замина и го засили Ал-Хилал. Првиот пик е Мохамед Салах, а Арапите веќе ја подготвуваат понудата за Ливерпул.
Репрезентативецот на Египет налето влегува во последната сезона од договорот со „црвените“, па извесно е дека ќе си замине од „Енфилд роуд“. Ливерпул ќе сака нешто и да заработи, а најавите од Саудиска Арабија се дека тоа ќе биде неодолива понуда.
Салах оваа календарска година има само еден гол за Ливерпул, во победата од 6-0 над Карабаг во Лигата на шампионите, додека во Премиер лигата последниот погодок го постигна на први ноември против Астон вила.

