16.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Се подготвува нов трансфер од Барселона во Атлетико Мадрид?

Барселона мора да продаде неколку фудбалери за да може да регистрира нови засилувања, вклучувајќи ги Жоан Гарсија, Војчех Шченсни и Маркус Рашфорд. Иако Марк-Андре тер Штеген и Андреас Кристенсен беа посочувани како главни кандидати за заминување, засега нема конкретни чекори во таа насока.

Наместо нив, се појавија нови имиња како потенцијални заминувања, меѓу кои и Марк Касадо. Барселона го проценува Касадо на околу 30 милиони евра, а верува дека неговата продажба би ѝ овозможила на клубот да ги регистрира гореспоменатите фудбалери во Ла Лига.

За младиот дефанзивен играч за врска има интерес од неколку клубови од Премиер лигата, а според каталонскиот „Спорт“, интерес покажува и Атлетико Мадрид.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, е голем обожувател на Касадо, а по заминувањето на Родриго де Пол во Интер Мајами, се отворил простор за нов играч во средниот ред. Инаку, Атлетико претходно летово го доведе Џони Кардосо од Бетис.

- Оглас -

Најнови вести