32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Се подготвува нова трансфер бомба: Роналдо сам побарал да седне на клупата на Јувентус!

Кристијано Роналдо не е во стартниот тим на Јувентус на дуелот против Удинезе, во првото коло од новата сезона во Серија А, потег кој ги раздрма страстите. Според најавите од Италија, Роналдо самиот побарал да не биде во стартниот тим на денешниот меч, што е најава дека може да се очекува негов трансфер.

Според популарниот новинар Фабрицио Романо, во наредните неколку дена Роналдо може да си замине од Јувентус. И Без Роналдо во стартниот тим, Јувентус по само три минути игра во Удине стигна до водство од 1:0 со погодокот на Пауло Дибала.

Засега нема ниедна официјална понда за Роналдо, но се шпекулира дека Манчестер јунајтед, Манчестер сити, па дури и Пари Сен Жермен може да бидат негови следни дестинации. Актуелниот договор на Роналдо со Старата дама е до јуни следната година, што значи дека сега е вистинско време да го продаде, ако гигантот од Торино сака да заработи пари од заминувањето на Португалецот.

 

- Оглас -

Најнови вести