19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Во Истанбул се подготвува пекол за Манчестер јунајтед (Видео)

Галатасарај како најава за вечерашниот меч со Манчестер јунајтед на социјалните мрежи објави едно видео со кое се мотивираат пред големиот дуел, а снимката на моменти потсетува како тимот и навивачите да се подготвуваат за војна, не за фудбалски меч.

Палење еден куп факли за стадионот да изгледа како да го зафатил пожар, костурски глави и порака „Добре дојдовте во пеколот“ е дел од тоа како во Галатасарај го сфаќаат мечот.

Нема потреба да се каже дека Англичаните не се добредојдени во Истанбул, а ако се суди според претходните посети на Јунајтед, и вечерва ги чека пекол. Манчестер досега трипати гостувал кај Галатасарај и никогаш не дал гол, двапати било 0-0, а во 2012 година турскиот тим победи со 1-0.

https://twitter.com/i/status/1729606102864499146

- Оглас -

Најнови вести