Се подготвува реконструкција: Шестмина фудбалери налето ќе го напуштат Реал Мадрид

Се чини дека Реал Мадрид го очекува бурно лето. Според шпанските медиуми, раководството на клубот од „Сантијаго Бернабеu“ планира голема реконструкција на тимот.

Според информациите, дури шестмина фудбалери би можеле да го напуштат клубот.

Реал има променлива сезона – во јануари го отпушти тренерот Чаби Алонсо, заостанува четири бода зад Барселона во Ла Лига, загуби од најголемиот ривал во финалето на Суперкупот на Шпанија, а беше елиминиран и од второлигашот Албасете во Купот на кралот.

Според медиумите, Kралевите планираат драстично да го преобликуваат тимот за да се вратат на победничките патеки, а на списокот за заминување се двајцата централни дефанзивци – Алаба и Ридигер, потоа десниот бек Карвахал, два леви бека, Менди и Фран Гарсија, како и фудбалерот за врска Камавинга.

Очигледно во Мадрид се подготвуваат за сериозни промени во составот пред новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести