Се подготвува револуција на СКП: Судиите ќе имаат камери на телото, стапува на сила и новото правило за голманите

Светското клупско првенство во САД ќе донесе и две револуционерни промени кои се однесуваат на судиите и на голманите. Новото правило за задржување на време од страна на голманите ќе започне да се применува токму од ова натпреварување, па голманите нема да имаат право да ја чуваат топката во раце повеќе од осум секунди, во спротивно ќе биде досуден корнер за противничката екипа.

Сепак, она што привлекува уште поголемо внимание се камерите кои ќе ги имаат судиите на своето тело. Гледачите пред малите екрани ќе имаат можност да се стават во позиција на судијата и да го следат мечот од нивна перспектива, но од ФИФА велат дека ова е добро и за самите судии, односно за обуката на младите судии, кои ќе може да видат како изгледа кога се суди меч на високо ниво.

Од Меѓународниот борд за фудбалски правила велат дека овие измени се донесени за доброто на фудбалот бидејќи публиката сака да ја гледа играта и да гледа голови, а судиите се само актери кои никој не треба ниту да ги познава.

- Оглас -

Најнови вести