Елитното фудбалско натпреварување на УЕФА, Лига на шампиони, неодамна претрпе драстична промена. Наместо групната фаза во која учествуваа најдобрите 32 екипи поделени во осум групи, сега се формира една лига со дури 36 клубови.
Сепак, многу веројатно е дека овој формат кратко ќе трае затоа што се подготвува нова промена. Во изминативе осум месеци, челниците на УЕФА имале неколку тајни разговори и состаноци со фирмата „А22“, која се залага за форматот на Суперлига. Токму од фирмата „А22“ дале предлог до УЕФА за заедничко реализирање на Лига на шампиони, во формат кој ќе го направи ова натпреварување да биде уште поатрактивно.
Според пишувањата на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, во новиот формат повторно ќе бидат вклучени најдобрите 36 клубови, но овојпат ќе бидат поделени во две лиги со по 18 екипи, а не како што е во моментов, сите екипи да се во една заедничка лига.
Првата лига би била со најдоброрангираните 18 екипи, а втората би била со оние кои се од 19 до 36 место според рангирањето. Клубовите кои ќе бидат во првата лига (група) ќе играат осум кола, а потоа, најдобрите осум екипи ќе обезбедат директно место во нокаут фазата. Оние кои ќе завршат од 9 до 16 место во оваа прва лига со најсилни екипи, ќе продолжи во бараж мечеви и тоа со најдобрите осум екипи од втората лига на екипи што се.
Тоа значи дека сите 16 најдоброрангирани повторно имаат шанса да играат во нокаут фазата, додека оние кои се од 19 до 36 место според рангирањето може целосно да извисат, но и секако да не играат со противници од најелитниот ранг.
Но баражите би се играло по принципот, 9-тиот од првата група со осмопласираниот од втората група. Потоа би оделе 10-тиот од првата со седмиот од втората група, па 11-тиот од првата со шестиот од втората и така се до последнопласираниот 16-ти од првата група со првиот од втората група.
Новост би имало и во телевизиските права. Би се формирала нова платформа под името „UNIFY“ која ќе нуди бесплатни преноси со вклучени реклами, додека премиум пакетот на оваа платформа ќе биде без реклами.
Планирано е новиот формат на Лига на шампиони да започне од 2027 година.