18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Се подготвува револуционерна промена на правилото за офсајд на фудбалските натпревари

Летово може да се случи комплетна фудбалска револуција, откако ФИФА одлучи да го промени правилото за офсајд позиција на фудбалските натпревари, а тоа да биде тестирано на натпревари во Шведска, Холандија и Италија.

Во моментов правилото гласи дека фудбалерот кој напаѓа во моментот на додавање не смее да биде помеѓу двајцата последни противнички фудбалери, односно смее да биде најмногу во линија со претпоследниот фудбалер.

Според новото правило, фудбалерот нема да биде во офсајд се додека со целото тело не се најде помеѓу двајцата последни противнички во моментот на додавањето на топката.

Новото правило може комплетно да го промени фудбалот и офсајд позицијата да стане судиско убедување, а не фактичка состојба како до сега.

- Оглас -

Најнови вести