Позната е ситуацијата на Килијан Мбапе и ПСЖ. Фудбалерот е отстранет од првата екипа и не е дел од азиската турнеја на клубот. Тој не сака да го продолжи договорот со “светците“ и сака следната сезона како слободен играч да премине во Реал Мадрид.
Англиски “Мирор“ пренесува сензационална вест дека е можно Мбапе како позајмен фудбалер да настапува една сезона за Ливерпул. Познато е дека неговата мајка, Фајза Ламари, е голем обожавател на “црвените“ од Енфилд, па ваквата опција во моментов станува и многу реална.
ПСЖ секако би добила и финансиска компензација за евентуалната позајмица, но тоа секако ќе биде далеку од она што го нудеше Ал-Хилал од Саудиска Арабија.