Се подготвува спектакл: Кралот на циганите го предизвикува предаторот

Тајсон Фјури, попознат како Кралот на циганите го предизвикува Францис Нгану кој е дел од ММА шампионатот на спектакуларна борба.

Фјури кој е актуелен ВБЦ шампион е подготвен да му направи отстапка на предаторот, кој посакува да боксува во рингот, но само доколку се користат ракавици од УФЦ шампионатот.

Тоа значи дека ракавиците би биле помали, а ударите би биле далеку посилни и потешки и би нанеле поголема штета на противникот.

Останува да се види само кога ќе успеат да ги усогласат финансиските детали но се чини дека не би требало да има проблем околу тоа.

 

- Оглас -

Најнови вести