Некогаш важеше за еден од најдобрите бразилски фудбалери, но кариерата на Нејмар не само што стагнира, туку вртоглаво отиде во надолна линија, а тоа се должи, пред сè, на големиот број повреди.
Бразилецот во моментов е член на матичниот Сантос и игра повреден само за да помогне во обезбедувањето на опстанокот, а сега се појавија неверојатни вести. Нејмар може уште зимава да се врати во Европа, и тоа не каде било, туку во Премиер лигата, а интерес за неговиот потпис има од Манчестер јунајтед.
Сепак, се поставува прашањето дали со повредите кои ги има (ше) може да одговори на предизвикот наречен Премиер лига, првенство кое важи за едно од најтешките, ако не и најтешкото за играње во светот.

