11.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Се подготвува спектакуларен трансфер: ПСЖ ќе го купи Хулијан Алварес!

Атлетико Мадрид и ПСЖ подготвуваат спектакуларен трансфер, кој ќе тежи 120 милиони евра, а Хулијан Алварес ќе се пресели во Париз. Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите сака да го доведе Аргентинецот во своите редови, а Луис Енрике е воодушевен од неговите игри.

За Алварес има интерес и од Барселона, но и од неколку клубови од Премиер лигата, но тој јасно најави дека нема намера да се врати во Англија. Аргентинецот го известил раководството на Атлетико Мадрид, дека доколку клубовите постигнат договор, тој е подготвен да се пресели во Париз.

Вредноста на Хулијан Алварес е 100 милиони евра, но Јорганџиите би го продале за сума од 120 милиони евра, која не би требало да претставува проблем за катарските сопственици на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести