Се подготвува спектакуларен трансфер: Реал Мадрид замената за Мбапе ја пронајде во Интер

Иако се чинеше дека трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е завршена работа, сепак, последните денови се чини дека овој трансфер се уште е далеку од реализација.

Токму поради тоа од “кралскиот“ клуб погледите ги насочија кон друг фудбалер. Се работи за Лаутаро Мартинес од екипата на Интер. Преговорите помеѓу раководствата на Реал и Интер не се започнати, но се очекува стартот да биде означен многу брзо.

Аргентинецот има договор со Интер до 2026-тата година и обесштетувањето сигурно ќе биде високо.

Мартинес во Интер пристигна од Расинг Клуб во 2018-тата година за 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести