Се подготвува трансфер бомба: ПСЖ купува ѕвезда на Реал Мадрид!

Шпански „Ел Национал“ носи интересна информација за трансфер кој би требало да се случи веќе во јануарскиот преоден рок. Договорот на Антонио Ридигер и Реал Мадрид истекува во јуни, па германскиот репрезентативец ќе биде слободен фудбалер, но се чини Кралевите во последен момент можеби и ќе заработат нешто.

Вредноста на Ридигер во моментов е само 12 милиони евра, а за него интерес има од актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ.

Светците се надеваат дека ќе го добијат германскиот дефанзивец за ниска сума, со оглед на неговата вредност, но и фактот дека налето ќе биде слободен фудбалер.

Антонио Ридигер пристигна во Реал Мадрид летото 2022 година од Челзи како слободен фудбалер и се профилираше како една од најважните алки во одбраната на Кралевите. Германецот освен за Реал и Челзи, во својата кариера настапуваше и за Штутгарт и за Рома.

- Оглас -

Најнови вести