25.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Се подготвува тренерска смена во Премиер лигата

Фудбалерите на Вулверхемптон загубија на гостувањето кај Вест Хем со 2-0 и влегоа во опасната зона на испаѓање од Премиер лигата поради што менаџерот Бруно Лаж може да добие отказ.

Вулверхемптон по осум кола има само шест бода и се наоѓа на 18 место на табелата, а управата на тимот веднаш по денешниот пораз одржала состанок на кој единствена тема била судбината на Лаж.

Се очекува во текот на наредниот ден, првите луѓе на клубот да имаат средба со Лаж по што ќе биде позната судбината на португалскиот стратег. Доколку го преживее разговорот со челниците на екипата, Португалецот ќе има последна шанса да ја спаси работата наредниот викенд кога му ќе гостува на Челси.

Бруно Лаж веќе 15 месеци седи на клупата на Вулверхемптон, а минатата сезона заврши на солидното 10 место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести