Се подготвува земјотрес во Формула 1: Макс Ферстапен си оди од Ред Бул?!

Се подготвува ли во Формула 1 вистински земјотрес? Според медиумите од Островот, Макс Ферстапен е пред напуштање на екипата на Ред Бул и преселба во Мерцедес. Холандскиот возач веќе 10 сезони е дел од Ред БУл, а последните четири години ја освојуваше и светската титула.

Сепак, Ферстапен не е задоволен и следната сезона може да биде возач на Мерцедес, а за клупски колега да го има Џорџ Расел, со кого имаше отворена конфронтација.

„Нормално е да има разговор помеѓу луѓето. Јас немам за што да се грижам. Во секоја екипа во Формула 1 има место за двајца возачи.“ – вели Расел за можноста за клупски колега да го има Макс Ферстапен.

Холандскиот возач има договор со Ред Бул до 2028 година, но и клаузула според која може да си замине порано.

Бри

- Оглас -

Најнови вести