Англиските медиуми неодамна објавија дека Мејсон Гринвуд е незадоволен со статусот во Манчестер јунајтед, а сега ситуацијата станува многу сериозна за Црвените ѓаволи.
Еден од најголемите таленти и на клубот и на англискиот фудбал не е задоволен со минутажата, а се објавува и дека е лут на односот на Кристијано Роналдо кон него.
Целата ситуација може да ескалира со предвремено заминување на 20-годишниот офанзивец на Манчестер јунајтед, а подготвено чека Арсенал.
Топчиите се подготвени веднаш во зимскиот преоден рок да го ангажираат Гринвуд, дури се споменува како опција тој да им биде позајмен на Топчиите, а во игра е и Јувентус.
Гринвуд е член на Манчестер јунајтед од шестгодишна возраст и е едне од најголемите таленти на англискиот фудбал.