Големите италијански клубови веќе започнале меѓусебни разговори за намалување на бројот на екипи во Серија А. Во моментов во најквалитетната италијанска лига има 20 екипи, а предлогот е таа да се намали на 18, колку што играат во Шпанија и Германија.
Екипите од средината на табелата, а посебно оние кои се загрозени од испаѓа се противат на ваквата идеја и велат дека така ќе им биде нанесена голема финансиска штета.
Италијанските великани ваквото барање го правдаат со новиот формат на Лигата на шампионите и новото Светско клупско првенство, што за нив ќе значи и поголем број на натпревари во текот на сезоната.
Разговорите во моментов ги водат големите италијански клубови и тие се отценети како неофицијални, а во официјалните преговори ќе се вклучи и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија.