19.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Се подготвуваат промени во фудбалските правила, ВАР ќе се применува во повеќе ситуации

Бордот на меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) разгледува големи промени во опсегот на користење на ВАР системот.

Според британски „Тајмс“, една од главните идеи е да се прошират овластувањата на системот за да може да интервенира во контроверзни ситуации поврзани и со корнери, пенали и втори жолти картони. Овие можни промени би можеле да стапат на сила пред Светското првенство во 2026 година.

Меѓу најрадикалните предлози околу пеналите, при што ако голманот го одбрани ударот, играта се смета за завршена и акцијата не смее да продолжи. Ова би ја елиминирало можноста за голови по одбиена топка по пенал, што често води до расправии и тензии.

Во врска со корнерите, се дискутира опција каде што ВАР би имал моќ да поништи погрешно досуден корнер нешто што претходно не беше опфатено со системот.

Идејата за ВАР да интервенира во случај на втор жолт картон останува поконтроверзна, бидејќи ова обично е прашање на субјективна проценка и е тешко да се стандардизира.

Овие потенцијални реформи ќе бидат подетално разгледани на годишниот работен состанок на ИФАБ во ноември, а конечните одлуки веројатно ќе бидат донесени на генералното собрание во март следната година. Доколку бидат одобрени, новите правила би стапиле на сила од 1 јуни 2026 година, непосредно пред СП во САД, Канада и Мексико.

- Оглас -

Најнови вести