Се подготвуваат тектонски промени: Правилото за офсајд ќе биде сосема поинакво од тоа што е сега

Меѓународниот одбор за фудбалски правила (ИФАБ) е подготвен утре и задутре во Лондон да дебатира за револуционерни промени во фудбалот. Од сите промени за коишто ќе се дискутира, најважно е што ќе се одлучи за промените со офсајд правилото.

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсенл Венгер, кој сега работи во ФИФА, даде предлог за измена на офсајд-правилото кое би било во корист на напаѓачите. Предлогот е да му се овозможи на офанзивниот играч да биде и со цело тело пред дефанзивецот, под услов барем еден дел од телото да биде во линија со противничкиот фудбалер.

Доколку биде ова дозволено, тоа значи дека за офсајд нема да се гледа предниот дел од телото на напаѓачот, туку дали задниот дел од телото му е во линија со дефанзивецот.

- Оглас -

Најнови вести