Не е никаква тајна дека фудбалерите едноставно се губат кога ќе дојдат до поголема сума пари.
Нормално, тоа не важи за сите, но одреден дел од нив едноставно не можат да се контролираат и не станува збор само за играчите од овој, туку и од голем број останати спортови.
Таков е и случајот со некогашниот играч на Манчестер сити, Мика Ричардс, кој во моментов работи како стручен коментатор на Би-би-си.
„Прерано добив голема сума пари. Платата од пет илјади ми порасна на 50 илјади фунти неделно, и тоа кога имав 18 ,односно 19 години и мислев само на тоа.
Платата редовно ми се зголемуваше и една вечер во Лос Анџелес потрошив над 150 илјади фунти, и тоа само на пијачки“, изјави некогашниот бек на премиерлигашот.
Ричардс се пензионирашминатата година, и тоа како играч на Астон вила, а мораше да стави крај на кариерата поради големиот број повреди на колената.
How much?!@MicahRichards was handed a MEGA weekly wage when he was just 19 💸🤯
Micah, @GaryLineker and @alanshearer discuss football’s top teenagers on the new #MOTDTop10 podcast from @BBCSounds 📲👇
— Match of the Day (@BBCMOTD) December 6, 2021