Арсенал ќе преноќи на врвот во Премиер лигата по убедливите 3-0 над Борнмут и максимачен учинок по три кола. Топчиите делуваат одлично на стартот од сезоната и го потврдија тоа со уште еден сигурен настап предводен од ѕвездите Жезус и Одегард.
Капитенот Арсенал во првото полувреме за шест минути двапати ја застресе противничката мрежа, што за Одегард е прв двоен учинок на еден натпревар од октомври 2014 година, кога како 15-годишник настапуваше за Стромгодсет.
За потврда на трите бода, се погрижи стоперот Салиба со фантастичен гол од работ на шестнаесетникот во 54-тата минута. И Жезус успеа да го затресе голот на Борнмут, меѓутоа ВАР реагираше поради офсајд позиција, но играчите на Артета и со конечни 3-0 се враќаат среќни во Лондон.