Се поготвува бомба во светскиот фудбал: Мурињо ќе биде нов тренер на европски гигант

Томас Тухел ќе остане на клупата на Баерн Минхен до крајот на сезоната, но доколку не ја освои титулата во Бундес лигата, сосема извесно дека ќе мора да си замине од Баварија.

Според германскиот Билд, најсериозен кандидат за негов наследник е Жозе Мурињо, кој веќе почнал да го учи и германски јазик. Доколку ваквите најави се остварат, ова ќе биде нов голем предизвик за „специјалниот“, кој со сигурност би го прифатил.

Иако се најавуваше дека Мурињо ќе биде тренер на некоја од екипите од Саудиска Арабија, сепак, повикот од Баерн Минхен е тешко да се одбие, и во тој случај португалецот во прв план би го ставил фудбалот пред парите.

- Оглас -

Најнови вести