Сè поизвесно е дека Германецот ќе биде наследник на Чави, бил во Манчестер по благослов од Гвардиола

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, денеска имал состанок со агентот Пини Захави, на кој наводно било зборувано за тренерот кој треба да го предводи каталонскиот тим од следната сезона, а тоа е Ханси Флик.

Каталонските медиуми денеска објавија фотографии од состанокот, и иако не се објавени детали од истиот, медиумите се убедени дека Захави сакал да го убеди Лапорта дека Флик е идеалното решение за Барселона.

 

За тоа колку Флик е блиску до преземање на клупата на Барселона, најдобро покажуваат информациите кои исто така ги објавија каталонските медиуми, дека Германецот отпатувал во Манчестер на разговор со менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола, со цел што подобро да се информира за каталонскиот тим и предизвикот кој го очекува.

 

На средбата, Флик го информирал Пеп дека сака негов помошник да му биде Доминик Торент, кој беше дел од стручниот штаб кога Гвардиола ја предводеше Барселона.

Каталонските медиуми се убедени дека наскоро, Лапорта и официјално ќе објави дека Ханси Флик од следната сезона ќе биде тренер на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести