Сè поизвесно е дека „Медена земја“ ќе добие Оскар!

Македонија е многу блиску до добивањето на првиот Оскар, предвидува еден од најпознатите филмски критичари Питер Бредшоу. Човекот кој повеќе од 20 години е филмска критика во еден од најреномираните весници „Гардијан“, даде свои предвидувања за тоа како ќе бидат распределени Оскарите утревечер во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Македонскиот филм „Медена земја“ е во номиниран во две категории. Најдобар интернационален филм и најдобар документарен филм. Според Бредшоу, токму „Медена земја“ ќе победи во категоријата за најдобар документарен филм. И според Sport Life, филмот во кој главна ѕвезда е Атиџе Муратова, има добри шанси за Оскар, а коефициентот е одличен 3,85.

Кога се работи во категоријата за најдобар Интернационален филм, таму апсилутен фаворит е „Паразит“, но и тука „Медена Земја“ не е без шанси, а коефициентот за победа е 13, односно е втор според листата од пет филма.

Познатиот филмски критичар Бредшоу, очекува Оскарот за најдобар филм да го освои „Сем Мендес 1917“, додека статуетката за најдобар режисер да му припадне на Бонг-Џон-Хо, од филмот Паразит. За најдобар актер Оскарот ќе го добие Жоакин Феникс од филмот „Џокер“ , додека за најдобра актерка че биде прогласена Рене Зелвегер за „Џуд“.

Комплетните прогнози на Питер Бредшоу може да ги прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести