Се појави 13-годишен ѕвер во Реал Мадрид, во финалето против Барса имаше 56 поени и 33 скока!

Реал Мадрид го освои шпанскиот куп за кошаркари до 14 години, во финалето совладана е Барселона со 84-74, а средбата ќе останер запаметена по ѕверската партија на чудото од дете, Махамаду Ландур, кој имаше индекс на корисност од дури 82!

Ландур е од африканската држава Мали, има 13 години и висок е 211 сантиметри, против врсниците од Барса имаше 56 поени, 33 скока, пет блокади, а врз него беа направени 14 лични грешки. Сето тоа му донесе луд индекс на корисност од 82 поени. Ова е најдоминантна игра која е видена на купот во оваа возрасна категорија, иако таму играле и ѕвезди како Рики Рубио и Лука Дончиќ.

- Оглас -

Најнови вести