Се појави голема невистина пред дуелот од Лигата на нациите: „Некој сака да го уништи угледот на нашата земја“!

Мечевите од Лигата на нациите не се во фокусот само во Европа. Во Конкакаф зоната ова натпреварување е во завршната фаза и на ред се дуелите од четвртфиналето. Хондурас ќе му биде домаќин на Мексико, на дуел кој ќе се игра на 16 ноември во градот Сан Педро Сула на стадионот „Франциско Моразан“.

Мексиканците беа шокирани кога видоа неколку фотографии за тоа како изгледале соблекувалните на стадионот, а се во ужасна состојба. Тушевите изгледаат катастрофално, вратата скршена, а во соблекувалната само еден стол, што ги зачуди Мексиканците за тоа каде треба да гостуваат.

„Ова е брука на векот. Ова го нема ниту во ранг од ниските лиги во селските клубови. Ужас, срамота“, биле дел од коментарите на мексиканските навивачи.

Сепак, овие гласини за катастрофална состојба на трибините на стадионот ги демантираше фудбалскиот аналитичар од Хондурас, Оскар Фунес, кој рече дека тие фотографии се лажни и објави како всушност изгледаат соблекувалните на стадионот „Франциско Моразан“.

„Срамота е какви слики се објавени. Тие не се од стадионот на којшто ќе се игра мечот Хондурас – Мексико. Некој сака да си игра со угледот на нашата земја“, реагираше Фунес и објави фотографии на кои се гледа дека соблекувалните на стадионот „Франциско Моразан“ се врвни и дека се подготвени за мечеви од меѓународно ниво.

- Оглас -

Најнови вести