31.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Се појави инфо: Познато е кој ќе ја добие наградата на ФИФА за најдобар фудбалер

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на 27 февруари и официјално ќе го објави името на најдобриот фудбалер за 2022 година. Наградата The Best почна да се доделува од 2016 година, кога ФИФА реши да се оддели од „Франс фудбал“, кој ја доделува Златната топка.

Кристијано Роналдо ги освои првите две награди, а во 2018 година Лука Модриќ беше најдобар. Лионел Меси првпат ја доби наградата во 2019 година, а во 2020 и 2021 година победи Роберт Левандовски.

На 10 февруари ФИФА ја скрати листата на тројца фудбалери и тоа се: Меси, Карим Бензема и Килијан Мбапе. Според неофицијални информации кои ги пренесе новинарот Францис Агиљар, наградата The Best ќе ја освои Меси. Ова го пренесоа и неколку твитер-профили, што секако не е ништо официјално и потврдено. Како капитен на Аргентина, Меси го крена трофејот од Светското првенство во Катар и тоа треба да е негов главен адут.

 

- Оглас -

Најнови вести