Се појави линк: Директно ќе може да се следи судењето на Ѓоковиќ во Мелбурн

Уште нешто повеќе од 24 часа останува до судењето на Новак Ѓоковиќ и одлуката дали Србинот ќе добие дозвола за влез во Австралија или ќе биде депортиран. Светскиот рекет број 1 беше задржан во хотелот за мигранти, откако властите во Мелбурн утврдија дека Ѓоковиќ нема валидна виза за влез во Австралија.

Во текот на овие неколку дена постојано има протести како поддршка за Новак, но има и такви кои сметаат дека на тенисерот не треба да му биде дозволено влез во земјата затоа што не е вакциниран против Коронавирусот.

Според најавите, судењето на Ѓоковиќ е закажано за понеделник во 10 часот наутро по локално време. Тоа значи дека по македонско време, судењето ќе започне околу полноќ во недела кон понеделник.

Од Австралија стигна порака дека ќе може да се следи и директно судењето на Ѓоковиќ.

„Постои вообичаено дискреционо право судијата да одреди во одредени случаи, само одредени луѓе да бидат присутни во текот на сослушувањето, но и дека некои луѓе не може да бидат присутни на процесот. Ако некој член на јавноста сака да ја следи и слуша расправата, ве молиме да го контактирате судијата по пат на е маил пошта до 8:30 часот пред почетокот на рочиштето“, стои во објаснувањето на сајтот.

- Оглас -

Најнови вести