Се појави листата со гласовите за „Златна топка“, победникот има повеќе бодови од вториот и третиот заедно

Карим Бензема е фудбалерот кој на 17 октомври треба да ја добие „Златната топка“ во Париз, која се доделува на најдобриот играч во светот во тековниот период. Францускиот репрезентативец блескаше во дресот на Реал Мадрид, предводејќи го Кралскиот клуб до титулите во Премиер лигата и Лигата на шампиони и сосема заслужено ќе биде прогласен за најдобар.

Иако има уште две недели до промоцијата на победникот, се појави листата според која се покажани вкупниот број на бодови на фудбалерите кои беа во трка за најпрестижната индивидуална награда во светот.

Според таа листа, Бензема е убедлив победник со 521 бодови, пред Садио Мане со 298 бодови, а трет е Винисиус Јуниор со 190 бодови. Мане и Јуниор заедно имаат освоено 488 бодови, односно заедно имаат помалку од победникот Бензема.

Место на листата во првите 10 има и за Салах, Левандовски, Мбапе, Де Брујне, Модриќ, Сон и Куртоа.

- Оглас -

Најнови вести