28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Се појави нова снимка, како точно шишето заврши во главата на Ѓоковиќ (Видео)

Новак Ѓоковиќ лесно победи во првото коло на мастерсот во Рим, но по мечот се случи неочекуван инцидент. Додека Ѓоковиќ заминуваше кон соблекувалната, застана да подели неколку автограми.

Додека Ѓоковиќ се потпишуваше, едно момче се наведна да подаде рака кон Ѓоковиќ, но во тој момент, од ранецот кој го носеше на грбот испадна едно шише кое падна директно на главата на Ѓоковиќ.

Од силината на ударот, тенисерот падна на земја, а потоа беше пренесен во болница. За среќа, повредата не е сериозна и Ѓоковиќ ја напушти болницата.

- Оглас -

Најнови вести