Се појави нова снимка од тепачката на хулиганите: Еден навивач избоден до смрт, уапсени 96 лица!

АЕК и Динамо вечерва во Атина треба да играат во првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, но тоа што ќе биде на теренот ќе остане во сенка на хаосот кој ноќеска се случи низ улиците на главниот град на Грција.

Иако имаше забрана за патување на гостински навивачи, фанови на Динамо допатуваа во Атина и направија хаос. Според грчките медиуми, навивачите на Динамо прво се обиделе да влезат на стадионот на АЕК, а откако не успеале во тоа, почнале да дивеат низ градот.

https://twitter.com/i/status/1688671136349839360

 

„Повеќе од 150 хулигани на Динамо пристигнаа во Атина во колона со возила. Полицијата дискретно ги следела, но според полициски извори, се чини дека делувале по претходно договорен план затоа што по доаѓањето на Атики одос, автомобилите се раздвоиле во различни правци. Потоа се наоѓаат во подземната железница, каде што со камења, палки, молотови коктели и други предмети ги нападнаа навивачите на АЕК кои пиеле кафе по тренингот на нивниот клуб. Нападнати биле и обични граѓани кои се нашле на местото на случувањата. Починал еден 22-годишник“, пишува грчка „Газета“.

https://twitter.com/i/status/1688695173281177600

Потоа се појавиле и навивачите на АЕК и почнале уличните борби. Во жестоките тепачки повредени се најмалку осуммина луѓе, а според грчките медиуми, за жал, еден 22-годишен навивач на АЕК починал откако бил избоден со тврд предмет. Уште еден навивач се наоѓа во критична состојба.

https://twitter.com/i/status/1688699410102865920

Полицијата брзо реагирала и успеала да уапси 96-мина хулигани кои учествувале во тепачките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести