Судската постапка против легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин, и 43-годишниот навивач на Арсенал, Скот Ли, продолжува, а овојпат во јавноста се појави и видеоснимка од инцидентот.
Кин и симпатизерот на Арсенал се степаа на 3 септември минатата година на стадионот „Емирати“ во Лондон, кога Топчиите славеа со 3:1. Навивачот на Арсенал се изјасни дека не се чувствува виновен за обвинението дека го нападнал легендарниот играч на Манчестер јунајтед, кој на споменатиот меч бил како стручен коментатор на Скај спорт.
https://twitter.com/i/status/1796169224991215964
На судењето се тврдеше дека Кин со глава во глава го удрил противникот, но на снимката се гледа дека нема удар со глава, туку удар со лакт во главата на навивачит на Арсенал. Потоа се вмешува Мика Ричардс, кој исто така работел на тој меч како стручен коментатот.