Се појави снимка од првиот кош и забивање на Лука Дончиќ (Видео)

За Лука Дончиќ кој е еден од најпопуларните европски спортисти во моментов, ретко кој не слушнал, а пред 15 години, кога Словенецот имаше само пет години, на неговиот татко Саша му правеа интервјуа бидејќи беше познат кошаркар во својата земја.

По повод 25-годишнината од постоењето на словенечката училишна кошаркарска лига беше направен документарен филм „Спорт на илјада лица“, а во него се појавува и Лука Дончиќ како дете на Саша. Снимката е од 2004 година и уште тогаш се гледа дека Лука има талент за кошарка, ја забива топката на кошот на вратата во нивниот дом.

Лука уште на пет години го „украде шоуто“ и не се срамеше, како што и сега во НБА-лигата не се плаши од никого и најавува дека може да стане еден од најдобрите и во најсилната лига на светот:
- Оглас -

Најнови вести