Се појави снимка од тренингот: Ноле како воопшто да не бил во изолација (Видео)

По неколкудневната изолација во хотелот за мигранти во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ од вчера доби дозвола да може да влезе во Австралија и Србинот воопшто не губеше време. За краток период Ѓоковиќ одработи два тренинзи на „Род Левер арената“.

Иако не беше дозовлено снимање, сепак по воздушен пат направена е една снимка на која се гледа како Ѓоковиќ жестоко тренира, а неколкудневната пауза очигледно не оставила голема трага на неговата форма.

Организаторот на Отвореното првенство на Австралија од синоќа го врати и името на Новак во официјалниот дел од сајтот, што е само уште една најава дека актуелниот шампион се очекува да биде дел од гренслем-турнирот во Мелбурн.

Сепак, уште постои опција Ѓоковиќ да добие забрана за настап и се чека реакција на министерот за имиграција на Австралија, кој засега молчи.

- Оглас -

Најнови вести