Се појави убава вест дека фудбалерот Атсу е жив и куртулил, но брзо дојде студен туш

Фудбалерот Кристијан Атсу е пронајден под рушевините и тој е жив, објавија некои медиуми кои се потпираа на неофицијални извори, но се покажа дека тоа веројатно не е вистина. Клупски колега на Атсу од Хатајспор ја демантираше веста.

Атсу, кој вчера даде гол за победа на неговиот тим, ја имаше таа несреќа да биде на деветтиот кат од зграда која се урна во силниот земјотрес кој ја погоди Турција. Наводно бил пронајден со повреди на нозете, тешко дишел, но Керим Алиџи демантираше такво нешто и потрагата по Атсу уште трае.

- Оглас -

Најнови вести